Голманот на Манчестер Сити, Џо Харт по елиминацијата на Пари Сен Жермен рече дека целиот тим одиграл фантастично на двете средби со францускиот шампион.
– Неверојатна вечер за нас. Ние работевме напорно и за овој натпревар како и за дулот во Париз. Секоја чест за ПСЖ, имаа сјајни резултати оваа сезона, но ние бевме брилијантни на двете средби. Целиот тим одигра фантастично, дури и оние играчи на клупата, изјави Харт по натпреварот.
Манчестер Сити синоќа на „Етихад“ успеа да го победи ПСЖ со 1:0 и со вкупни 3:2 се квалификува за полуфиналето на Лигата на шампионите.