Во првиот натпревар од четвртфиналето од Лигата на шампионите ПСЖ и Манчестер Сити одиграа нерешено 2:2, а реванш дуелот се игра денеска на теренот на Манчестер Сити.
Во пресрет на дуелот, менаџерот на „граѓаните“ Мануел Пелегрини за британските медиуми изјави: „Не мислам дека некоја екипа е фаворит. И во Париз игравме да победиме, а истото ќе се трудиме да го направиме и на домашен терен. Сигурно нема да играме на 0:0. Тоа не е начин, најважно е да постигнеме гол“.
Манчестер Сити на реванш дуелот ќе настапи без капитенот и играч од одбраната Винсен Компани. За неговото неиграње Пелегрини истакна дека не е подготвен 100 отсто, па затоа и нема да биде во комбинација за натпреварот.
Реванш четвртфиналето Манчестер Сити – ПСЖ се игра денеска со почеток во 20:45 часот, додека во второто четвртфинале во истиот термин играат Реал Мадрид – Волфсбург. Победа од 2:0 на првиот дуел постигна Волфсбург.