Екипата на Волфсбург направи големо изненадување откако во првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите синоќа на домашен терен го победи Реал Мадрид со 2:0.
Домашните поведоа со голот од пенал на Рикардо Родригез во 18.минута, а на 2:0 зголеми Максимилијан Арнолд во 25.минута. Ова е одлична предност за германскиот тим во пресрет на реваншот.
На дуелот во Париз на „Паркот на принцовите“ ПСЖ и Манчестер Сити одиграа нерешено 2:2. Гостите поведоа во 38.минута со голот на Кевин Де Бриун, а по грешката на гостинската одбрана Златан Ибрахимовиќ изедначи на 1:1 во 41.минута. ПСЖ со голот на Адриан Рабио во 59.минута поведе со 2:1, додека конечните 2:2 ги постави Фернандињо во 72.минута. При резултатот 0:0 во 14.минута голманот на Манчестер Сити Џо Харт одбрани пенал на Ибрахимовиќ.
Реванш натпреварите овие екипи ќе ги играат на 12.април.
На натпреварите одиграни во вторникот: Барселона – Атлетико Мадрид 2:1 и Баерн Минхен – Бенфика 1:0.
Овие два реванш дуела ќе се играат на 13 април.