Милановиќ повторно избран за претседател на Социјалдемократската партија

Од:

Зоран Милановиќ повторно е избран за претседател на хрватската Социјалдемократска партија и веднаш по изборот порача дека се „лажат оние кои мислат дека жестоката внатрепартиска кампања и наштетила на партијата“.

– Беше фер, жесток натпревар, меѓутоа кој и да мисли дека ова и наштети на СДП, многу се лаже, порача синоќа Милановиќ пред новинарите и членовите на СДП, кои во централата на партијата во Загреб го пречекаа со воодушевување.

Тој е уверен дека изборите за партиски претседател на СДП покажале дека таа е модерна, прогресивна и отпорна европска партија, која застапува универзални, но и традиционални вредности, пренесува Хина.

Заедно со Милановиќ пред новинарите излезе и неговиот противкандидат Златко Комадина, кој му ја честиташе победата, истакнувајќи дека во кампањата биле двајца кандидати, но само едена СДП.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик