Судот не одобрил претрес кај Груевски, зашто СЈО не кажало што бара

Од:

Судија на претходна постапка не се согласува со барањето на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) доставено за издавање наредба за претрес во дом на осомничениот Г.Г., со што предметот се доставува на натамошно постапување пред Кривичен совет при овој суд, соопшти денеска Основниот суд Скопје 1.

Непосредно по поднесувањето на наредбата за претрес, а по изјавената несогласност на судијата за претходна постапка, се наведува во соопштението, СЈО до судијата на претходна постапка достави и Предлог за определување мерка притвор за истото лице.

– Со оглед дека лицето за кое се однесува предлогот не беше обезбедено пред овој суд, судијата на претходна постапка, согласно одредбите на ЗКП каде во глава 16 се предвидени мерки за обезбедување присуство на лица и за непречено водење на кривичната постапка за наведеното лице, издаде покана да се јави веднаш во текот на денешниот ден во просториите на судот пред судијата на претходна постапка. Во врска со предлогот на обвинителството, судијата на претходна постапка по сослушување на лицето дополнително ќе донесе одлука за која јавноста ќе биде навремено информирана, стои во соопштението од Основниот суд Скопје 1.

Во соопштението се појаснува зошто судија на претходна постапка по ваквиот предлог не се согласил.

– Имено, согласно Законот за Јавно Обвинителствво за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и тоа предвидено во чл.5 ст.1 и чл.2 ст.1, Обвинителството (СЈО) има лимитирана стварна надлежност која не произлегува од барањето за издавање наредба за претрес и образложение. Согласно чл.17 ст. 1 од ЗКП произлегува дека предуслов на судија за претходна постапка да постапи по барање на ова обвинителство е најпрво со сигурност да утврди дека ова Јавно Обвинителство е стварно надлежно во соодветниот случај кој би произлегол од конкретна содржина на незаконито следење на комуникации. Од барањето за издавање наредба за претрес во која се наведува дека наредбата се бара заради пронаоѓање траги на кривични дела и предмети, најпрво неопходно е да се утврди овластувањето на СЈО дека конкретните предмети кои треба да произлезат од претресот се поврзани со содржината на незаконското следење на комуникации. Од барањето за издавање наредба во смисла на чл.194 ст.3 од ЗКП не се определени и не е даден прецизен опис на предметите чие што одземање се бара туку се користи општа терминологија на предмети кои можат да се пронајдат во сечиј дом, имајќи предвид дека согласно чл.189 ст.1 алинеа 5 од ЗКП наредбата за претрес треба да содржи опис на предмети што треба да се пронајдат при претресувањето, се посочува во денешното соопштение од Основен суд Скопје 1 – Скопје.

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО