Полемика во Блиц: Плоштадот во Скопје како српското Гранд Шоу

Од:

Текстот „Погледнете како изгледа античко Скопје“, објавен во српски „Блиц“ предизвика вистинска полемика и потсмев на публиката од целиот регион. Иако во испратените коментари има и такви кои го поддржуваат проектот и велат дека за разлика од Скопје во Белград ништо не се гради, голем број од коментарите се однесуваат на тоа дека власта во Македонија со сила создава национален идентитет, дека краде историја, но и дека сето ова личи на Луна парк во кој недостасува Чак Норис на коњ. Погледнете дел од коментарите во српски Блиц, од кои дел посочуваат дека плоштдот личи на студиото од Grand Show.

„Александар Македонски бил леворак, а мечот го држи во десна рака“

„Може да биде смешно, тажно, патетично, зависи од кој агол го гледате. Мене ми личи на Луна Парк. Не знам што им требало ова, се бламираат до даска“

„Колку е грозно, подобро да ги вложеле тие пари во обновување на старите згради и фасади, ова вака личи само на Grand show“

„Нема расправа за тоа каде е роден тој човек и кој бил, Македонците нека земат несто друго да копираат, на пример Статуата на Слободата, ама три пати поголемa, или така нешто“

„Обидот да се создаде национален идентитет е секогаш трагикомичен“.

„Не велат за џабе дека во Македонија е изграден најмладиот антички град, какво губење на време и пари. Подобро да вложеа во Куманово, Тетово, Прилеп…“

„Видела жабата…..па и таа ја кренала ногата“

„Како да го натераш цел свет да ти се смее“

„Кога го видов пред неколку години видео нацртот за малку ќе паднев од смеа. Македонците се класичен пример на народ кој на погрешен начин се обидува да изгради свој национален идентитет. Луѓево за 20 години станаа антички народ, а ние каде сме“

„Фрлаат милиони а анродот гладен и беден“.

„Овде фали уште Чак Норис. На коњ секако“.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски