АИК: Нема да бидеме дел од Владата на Иса Мустафа

Од:

Алијансата за иднината на Косово (АИК) на Рамуш Харадинај тврди дека нема да стане дел од Владата на премиерот Иса Мустафа, со што партијата практично ја демантираше веста на косовските медиуми дека ќе стане дел од актуелната власт, пишува приштинскиот весник „Зери“.

Од таа партија е соопштено дека АИК се обврзала дека ќе се бори против, како што се наведува, „лошото управување со државата“.

– АИК нема да биде дел од Владата на Иса Мустафа и никој не може да го спречи одржувањето на предвремени избори, се наведува во соопштението на АИК, пренесува приштинскиот весник.

Трите партии на косовската опозиција- „Движењето Самоопределување“, „АИК“ и „Иницијатива за Косово“, подолго од шест месеци ја блокираат работата на косовскиот парламент барајќи актуелната власт  да  поднесе оставка поради тоа што претставниците на таа власт не прифатиле да ги повлечат потписите од бриселскиот договор, кој предвидува формирање на „Заедница на српски општини“.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски