„Уште две години останаа од рокот што пред себе го поставија креаторите на проектот „Скопје 2014’, а судејќи по последните снимки од македонскиот главен град, работата за добивањето антички, а некои велат и кич изглед на Скопје може да биде завршена и пред време“, пишува српски „Блиц“.
„Македонската власт смисли нов изглед на центарот на главниот град, украсен со безброј бронзени споменици, пред се јавачи на коњи од кои некои се историски личности од поблиската историја, но за кои никогаш не е документирано дека некогаш се качиле на некој коњ.
Најпознатиот коњаник е секако Александар Македонски и неговиот татко Филип Втори, иако експлицитно се претставени како херои.
Има и многу антички палати, мостови, широки куполи, а во центарот на Скопје сега е изградена и триумфална капија“, пренесува Блиц.