Во Приштина одложен за денеска најавениот протест на опозицијата

Од:

Лидерот на Алијансата за иднина на Косово Рамуш Харадинај изјави на прес-конференција на која учествуваа и лидерите на Самоопределување и Иницијатива за Косово, дека протестот што опозицијата го најави за денеска е одложен, пренесува РТК2.

Приштинските медиуми шпекулираат дека таквата одлука дошла по најавите дека пратеничката Доника Кадај Бујупи би можела од Алијансата да премине во редовите на Самоопределување.

Харадинај не ја потврди на присутните претставници на медиумите информацијата дали Бујупи ја напуштила неговата партија, но изјави оти протестот е одложен, пренесе Танјуг.

– Најавениот протест го одложуваме за некој друг датум. Причината е што Косово е во тешка ситуација, а уште повеќе таа ситуација ја отежнуваат два штетни договори за Косово, додаде Харадинај.

Лидерот на Иницијатива за Косово Фатмир Љимај додаде дека опозицијата заеднички донела одлука за одложување на протестот.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски