„Бездомништвото околу нас – јавно, скриено, потенцијално“ е насловот на конференцијата која во организација на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“, (издавач на уличното списание „Лице в лице“) ќе се одржи денеска во Скопје.
На конференцијата ќе бидат презентирани резултатите од едногодишното истражување на бездомништвото во Македонија. Воедно ќе биде претставена и веб страницатаwww.bezdomnistvo.mk, а во рамки на работната група со претставници на инситуциите кои што имаат директен контакт со бездомни лица и со лица кои што се во ризик да го загубат домот ќе биде презентиран и методскиот пакет за работа со овие групи, како и инструментот за мерење длабочина на бездомништвото.
Истражувањето и конференцијата се поддржани од Проект на УСАИД за граѓанско општество.