(ВИДЕО) Јанева: Не можам да кажам дали за Зврлевски ќе има постапка, во Собрание немам намера да одам

Од:

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева на новинарско прашање дали има предистражна постапка против државниот обвинител Марко Зврлевски кој во бомбите се слуша дека си ја знаел работатат и стопирал пријави, кажа дека има предмети за сите лица.

– Има предмети за сите лица, сите се еднакви пред законот, не можам да кажам дали за господинот Марко ќе има преистражна постапка, рече таа.

– Што се однесува до поканата на Светот на јавни обвинители и Собранието, јавно кажувам дека немам намера да одам, мислам дека е мал извештај за мал период, нема потреба да образлагалм нешто посебно, бидејќи содржи се што е потребно, Доколку почитуваниот Совет и Собрание имаат забележки ќе ги вклучиме во идниот извештај кој почнавме да го работиме, одговори Јанева.

Таа на прашање за нејзината имотна состојба одговори дека поседува два стана.

– Што се однесува до моите станови сакам да кажам дека имам два стана на моите деца кои се купени со мојот сопруг кој сега е починат, во заедникиот имот. Имам уште имот, од моите родители и уште не сум наследила ништо, мојот имот уште ќе се зголемува, но на сметка на моите родители и мојата работа, на овие десет прсти, одговори Јанева.

Таа најави и дека „Титаник“ ќе се проширува со нови пријави.

– Што се однесува до „Титаник“ ќе следи проширување на истрагата, и не се плашам од судот дали ќе го прифати обвинението, тоа ќе биде посебна борба, но имаме намера да прошириме за други лица во „Титаник“, рече Катица Јанева.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов