„Клан Косова“: Изборот на Хашим Тачи за претседател регуларен

Од:

Уставниот суд на Косово деновиве треба јавно да ја објави одлуката во врска со барањето на здружената опозиција за оценка на уставноста на изборот на Хашим Тачи за претседател на Косово на 26 февруари.

Во меѓувреме, како што јави дописникот на МИА, телвизијата „Клан Косова“, повикувајќи се на „сигурни извори во Судот“, објави дека нема никава уставна повреда во процедурата при гласањето.

– Со ова се отвора патот Тачи на 7 април и официјално да ја преземе пртетседателската функција. Заклетва е планирано да положи во Парламентот, а инаугурацијата ќе биде на двата плоштада во Приштина „Скендебег“ и „Ибрахим Ругова“. Покрај другото тука ќе му биде симболично предадено држаното знаме од страна на досегашната претседателка Атифете Јахјага, јави истиот извор.

Четиресет и осумгодишниот Хашим Тачи, кој беше лидер на Демократската партија на Косово (ПДК), вице-премиер и шеф на дипломатијата, беше избран во третиот круг на гласање во Парламентот, кога доби 71 глас. Во првиот круг тој доби само 50, а во вториот круг 64 гласови.

Веднаш по изборот Тачи поднесе оставка на сите функции.

Обединетата косовска опозиција, која не учествуавше на седницата за избор на претседател на Косово, побара од Уставниот суд толкување за тоа дали имало потребен кворум на седницата на Парламентот, на која за претседател беше избран Хашим Тачи.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски