Косово реши да ги признае универзитетските дипломи од Албанија

Од:

По многу перипетии и проблеми, Косово конечно одлучи да ги признае дипломите издадени на универзитети во Албанија, јави дописникот на МИА.

– Министерството за образование, наука и технологија (на Косово) донесе одлука да ги признае дипломите издадени од акредитирани и лиценцирани институции во Албанија. Ова е долго очекувана одлука на косовското Министертво иако во Албанија косовските дипломи се признаваат одамна, наведува порталот Албеу.

Со оваа одлука на Министерството се признаваат дипломите од сите степени,што подразбира и титулите магистер и доктор на науки.

Според одлукат, дипломите за нострификација се доставуваат до соодветниот сектор во Министертвото за образоваие, наука и технологија во Приштина.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река