„Епока е Ре“: До крајот на неделава реконструкција на косовската Влада

Од:

Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) на косовскиот премиер Иса Мустафа, заедно со својот коалициски партнер Демократската партија на Косово (ПДК), до крајот на неделава ќе извршат неколку измени во веладинот кабинет, пишува приштинскиот весник „Епока е Ре“.

Измени во косовската Влада се неопходни откако шефот на допломатијата Хашим Тачи беше избран за претседател.

Се очекува неколку членови на ПДК до крајот на оваа недела да бидат именувани за министри. Енвер Хоџиќ ќе го замени Тачи на местото министер за надворешни работи, а Хајредин Кучи ќе си замине од Министерството за правда и ќе ја преземе функцијата вицепремиер, пишува весникот.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски