Времето ќе биде сончево со мала доумерена облачност и со слаб претежно источен ветер.
Минималната температурата ќе се движи од минус четири до три, а дневната од 12 до 18 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северозападен ветер.
Минималната температура ќе достигне до два, а дневната до 16 степени.
Во понеделник попладне ќе има локален слаб дожд, а од среда се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд. Дневната температура до вторник ќе биде во пораст.