Отворени Денови на франкофонијата во Македонија

Од:

По повод Меѓународниот ден на Франкофонијата 20 Март, во Младинскиот културен центар под мотото „Франкофонијата ти отвора врати!“ денеска и утре ќе се одржуваат голем број на активности во рамки на манифестацијата „Денови на Франкофонијата во Македонија“.

Манифестацијата за отворена ја прогласија градоначалникот на Скопје Коце Трајановски и амбасадорката на Франција Лоранс Оер.

– Република Македонија е полноправна земја-членка на Меѓународната организација на франкофонијата од 2006 година и ги поддржува и споделува францускиот јазик, култура и вредности. Во рамките на оваа организација Град Скопје негува пријателски односи со повеќе меѓународни франкофонски градови, мрежи на градови, асоцијации, здруженија и организации. Град Скопје е збратимен со француските градови Дижон и Рубе, со кои негува успешна соработка, рече Трајановски.

Амбасадорката Оер на отворањето на манифестацијата изјави дека франкофонијата во Македонија има долга традиција и се заблагодари на Град Скопје за поддршката на активностите на Француската амбасада и Францускиот институт во Скопје. Таа се осврна на застапеноста и развојот на франкофонијата во Република Македонија, каде настава на француски јазик се одвива во основни и средни училишта во повеќе општини, на работењето на билингвална паралелка во СУГС „Орце Николов“ и на континуираната соработка во областа на размена на ученици.

Во рамки на Деновите на франкофонијата во Македонија ќе се одржат голем број интерактивни работилници и забавни активности за средношколци и студенти. Во холот на МКЦ пред присутните се претставија франкофонските компании и оператори во Македонија имаше и предавање на тема „Франкофонијата и глобализацијата“.

Во МКЦ вечер од 20.30 чсот концерт ќе одржи групата „Фолтин“. Активностите утре ќе продолжат во ТЦ „Рамстор“, каде ќе се одржи Саем на франкофонски оператори во Македонија.

Би можело да ве интересира

Паднати дрвја, поплави и сообраќајни пречки на неколку локации во Скопје

Горан Наумовски

Скопје го зафати невреме проследено со пороен дожд, силен ветер и интензивна појава на град

Горан Наумовски

Кремљ: Франција не е на патот кон мирот, но врши притисок врз Русија

Херцог го осудува вандализмот врз еврејските институции во Париз

Песков: Франција не ја разбира Русија ако мисли дека може да постигне нешто преку притисок

Откриена е педофилска мрежа во Франција, уапсени се 55 мажи, меѓу нив свештеник и медицинска сестра