Марин Ле Пен има поддршка од 34 до 38 отсто пред претседателските избори во Франција

Од:

Марин Ле Пен, кандидатката на десничарската партија „Национален собир“, би освоила меѓу 34 и 38 отсто од гласовите во првиот круг од француските претседателски избори, додека нејзиниот главен ривал, Жан-Лик Меланшон – лидер на левичарското движење „Непокорена Франција“ – би добил околу 20 отсто, покажува анкетата на институтот „Ифоп“ (Ifop).

Истражувањето, за кое извести францускиот телевизиски канал БФМ ТВ (BFM TV), покажува дека Меланшон ужива поголема поддршка од Едуар Филип или Рафаел Глуксман, кои исто така се споменуваат како можни кандидати за вториот круг од изборите.

Глуксман, кој го претставува социјалдемократскиот политички спектар, има поддршка од околу 15 отсто од испитаниците, додека Филип – во зависност од конкретното изборно сценарио – би освоил меѓу 12 и 16 отсто од гласовите.

Во студијата е разгледан и можен втор круг меѓу Ле Пен и Меланшон, во кој 68 отсто од испитаниците изразиле поддршка за кандидатката на „Национален собир“.

Меѓу другите потенцијални кандидати, Бруно Ретајо, претседателот на партијата „Републиканци“, има поддршка од пет до седум отсто од гласачите.

Давид Лиснар, градоначалникот на Кан – чија популарност, според француските медиуми, пораснала во последните недели – ужива поддршка од околу седум отсто од испитаниците.

Марин Тонделие, која ги претставува „Зелените“, би можела да освои меѓу 2,5 и 3 отсто од гласовите. Резултатите од анкетата го одразуваат моменталното расположение на испитаниците во различни изборни сценарија, а не исходот од идното гласање.

Би можело да ве интересира

Бардела ги отфрли обвинувањата за расизам: Франција е меѓу најмалку расистичките земји во светот

(ВИДЕО) Речиси 300 повредени во протестите во Франција, блокирани 49 училишта

Горан Наумовски

Франција: Полицијата тврди дека 600.000 граѓани се на улиците, додека синдикатите бројат 1,6 милиони луѓе

Горан Наумовски

Франција: 270.000 луѓе на улиците, универзитетите блокирани, запалени контејнери за ѓубре

Париз не се откажува од солзавецот и шок-бомбите: Полицијата мора да се брани

Македонец фатен со 68 килограми кокаин во Франција

А1он