Новата концертна сала на Филхармонијата за 70-тиот роденден

Од:

Македонската филхармонија ќе се всели во новиот објект во 2014 година, кога ќе го одбележи и 70-годишниот јубилеј од основањето. Музичарите од Филхармонијата заедно со министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, денеска ја посетија концертната сала во изградба, која ќе биде  модерен објект со  светски архитектонски и акустични стандарди.

– Во изминатиот период се водеше грижа за акустичниот дел на објектот, кој е многу важен за функционалноста и поврзаноста на двете сали со просториите за вежбање. До милиметар се внимава на сите параметри за акустиката. Квалитетот е многу битен зашто е голема концертна сала со две сали – голема со околу 1.100 седишта и мала за камерни оркестри со околу 400 седишта. Објектот е доста сложен, се трудиме максимално сето ова да биде завршено во 2014 година, кога Македонската филхармонија има многу значаен јубилеј кој ќе го одбележиме со овој  значаен и долго очекуван капитален објект, изјави министерката Канческа-Милевска.

Музичарите на Филхармонијата се задоволни што ќе добијат сопствен простор и што ќе ги напуштат просториите во Домот на АРМ.

– Со ова се решава едно горливо прашање за оваа институција. За две недели прославуваме  68 години од основањето на оваа единствена и најзначајна музичка институција во нашата држава, која низ годините остана без сопствен дом. Приморани сме да работиме во салата на Домот на АРМ, судирајќи се со сите тешкотии, во зима е со провев, покривот прокиснува, во лето е премногу топло. Но, сега надминуваме се полесно знаејќи дека многу скоро ќе си дојдеме дома. Ова за нас веќе е дома, изјави директорката на Филхармонијата Маја Чанаќевиќ.

Идниот дом на најстарата национална музичка институција и на единствениот симфониски оркестар во Македонија се гради на просторот меѓу Македонската опера и балет и Факултетот за музичка уметност.  Темелите беа поставени на 25 март 2009, изведувач е австриската компанија „Алпине Бау“.  Покрај двете сали, објектот ќе има и одделни вежбалници за изведувачи на разни видови инструменти, како и подземно паркиралиште. Идејното решение е на архитектот  Виктор Михајлов, а за внатрешноста и технолошкото моделирање учествува Јорг Кумел, меѓу најпознатите акустичари во светот.

Би можело да ве интересира

Арсовска го врати споменикот на Андон Лазов Ќосето

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот