Новиот парламентарен состав на Мјанмар, во кој апсолутно мнозинство имаат пратениците од Националната Лига за Демократија (НЛД) денеска го избра првиот претседател на државата, кој по 60 годишно владеење на воената хунта не е од армиските редови.
Во новата административна престолнина Најппјуитав со 360 гласови за нов претседател на Мјанмар, поранешна Бурма, е избран Хтин Кјав, близок пријател на лидерот на НЛД Аунг Сан Су Ќи.
Добар дел од тие што не ја поддржале кандидатурата на Хтин Кјав се делегираните пратеници од армијата, но позитивен знак за признавањето на новата демократска клима во земјата е тоа што голем дел од нив се воздржале при изјаснувањето.
Со Мјанмар фактички ќе раководи нобеловката Аунг Сан Су Ќи, по чија заслуга на изборите во ноември Националната Лига за Демократија освои апсолутно мнозинство во двата парламентарни дома и во регионалните управи.
На Аунг Сан се уште важечкиот Устав не и дозволува да се кандидира за претседател, бидејки била во брак со странец.