Екипите на Атлетико Мадрид и Манчестер Сити се на чекор до пласман во четвртфиналето на фудбалската Лига на шампиони. Двете екипи важат кои за фаворити во дуелите со ПСВ и Динамо Киев, вечерва пред своите навивачи ќе ги играат реванш натпреварите од осминафиналната рунда.
Англискиот тим е во далеку поповолна ситуација бидејќи во првиот меч на гостувањето во Киев го победи Динамо со 3:1, па само чудо може да ги елиминира „граѓаните“ од пласман во четвртфиналето.
Затоа пак, Атлетико кој во Анјдховен одигра без голови 0:0, на „Винсенте Калдерон“ ќе мора да ја потврди улогата на фаворит, односно да забележи победа против холандскиот тим.
Двата натпревари започнуваат во терминот од 20 часот и 45 минути.
Последните два реванш осминафинални натпревари, Барселона – Арсенал (2:0 прв меч) и Баерн Минхен – Јувентус (2:2) ќе се играат утревечер.
Пласман во четвртфиналето на ЛШ веќе обезбедија: Реал Мадрид, Волфсбург, Бенфика и Париз Сен Жермен.