Мило Ѓукановиќ ќе биде мандатар за составот на новата црногорска влада, а таа одлука би можела веќе денеска да ја соопшти претседателот Филип Вујановиќ, јавува Радио „Антена М“.
Повикувајќи се на своите сознанија, Радиото наведува дека претседателството на ДПС ќе одреди кандидати за мандатар, пред состанокот на претседателот на партијата Ѓукановиќ со Вујановиќ, кој денеска ги завршува консултациите со парламентарните партии за мандатар за новата влада.
Според Уставот, Вујановиќ е обврзан да предложи мандатар во рок од 30 дена од конституирање на новиот состав на парламентот.