Пјонгјанг: Со хидрогенска бомба можеме да го уништиме Менхетн

Од:

Северна Кореја тврди дека може Менхетн да го „срамни со земја“ доколку го погоди со хидрогенска бомба, пренесува Танјуг. 

– Доколку се постави хидрогенска бомба на интерконтинентална балистичка ракета и го погоди Менхетн во Њујорк, сите луѓе таму веднаш ќе загинат, а градот ќе изгори „до пепел“, изјави севернокорејскиот нуклеарен експерт Чо Хјонг Ил, објави севернокорејската државна телевизија. 

„ДПРК Тудеј“ наведува дека хидригенската бомба на Северна Кореја има многу поголема сила во однос на онаа која ја поседуваше Советскиот Сојуз, а која можеше да ги скрши прозорците на зградите кои се одалечени 1.000 километри и да предизвика изгореници од трет степен на одалеченост од 100 километри. 

„Вашингтон пост“ пишува дека сепак, постојат многу причини кои укажуваат дека режимот на Ким Џонг Ун ги преувеличува своите технички можности. 

Пјонгјанг во јануари објави дека извел тестирање на хидрогенска бомба, а повеќето експерти се сомневаат во тоа, бидејќи како што наведуваат, сеизмичките бранови предизвикани од експлозијата се слични на оние од претходните нуклеарни проби.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња