Аунг Сан Су Ќи формално се откажа од претседателската функција во Мјанмар

Од:

Лидерката на Националната лига за демократија (НЛД), нобеловката Аунг Сан Су Ќи денеска и официјално ја достави номинација на 65-годишниот Хтин Кјав за иден претседател на Мјанмар.

Економсистот Хтин Кјав, кој е школски другар и долгогодишен близок пријател Су Ќи, формално пред два месеца се прилучи кон НЛД, која лани во ноември освои апсолутна победа на парламентарните избори.

Медиумите на англиски јазик во Мјанмар нагласуваат дека Кјав ќе биде „прокси“ (заменик, застапник) на Аунг Сан Су Ќи, која не крие дека ќе ја има контролата врз државата на патот кон враќањето на демократијата по 55-годишно владеење на воената хунта.

Изборот на новиот претседател на Мјанмар ќе се изврши на 1 април, а со тој чин НЛД ја зема власта во свои раце.

Аунг Сан Су Ќи не може да се кандидира за претседател на Мјанмар затоа што во сегашниот Устав има забрана за избор на таа функција на личности кои биле во брак со странци или имаат двојно државјанство. Су Ќи беше сопруга на државјанин на Велика Британија, а и нејзините деца имаат британски пасоши.

Евентуалниот обид за измена на сегашната уставна забрана за нејзина кандидатура Аунг Сан Су Ќи не го направи, како компромис со досега владејачкиот ариски врв. Армијата си го задржа правото да има 25 отсто делегирани пратеници во Парламентот, а за промена на Уставот се потребни 75 проценти плус 1 глас на парламентарците.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска