Францускиот првак ПСЖ со двата триумфа од 2:1 во осминафиналето од Лигата на шампионите над Челзи успеа да се пласира во четвртфиналето.
На реваншот во Лондон Златан Ибрахимовиќ беше асистент на првиот гол и стрелец на вториот.
– Одигравме одлично, многу стабилно. Кога имавме посед на топката бевме трпеливи и кога имавме шанси напаѓавме и постигнавме два гола. Тие беа доволни за победа. Не беше нималку лесно и затоа мора да внимаваме во иднина. Играме добро, а до каде ќе стигнеме не знам, изјави Ибрахимовиќ.
Покрај ПСЖ пласман во четвртфиналето досега имаат обезбедено Бенфика, Реал Мадрид и Волфсбург. Другите четири осминафинални дуели се играат во вторник (15 март) и во среда (16 март).