ПСЖ во четвртфиналето од Лигата на шампионите

Од:

Екипата на ПСЖ успеа да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите откако и во реваншот од осминафиналето одигран синоќа, го победи шампионот на Англија, Челзи со 2:1. Францускиот првак со вкупни 4:2 го елиминира ривалот.

Со голот на Адриен Рабио гостите поведоа со 1:0 во 16. минута, а Диего Коста погоди за Челзи во 27. минута за да ја врати неизвесноста. Сепак по голот на Златан Ибрахимовиќ во 67. минута сите дилеми околку четвртфиналистот беа решени.

На вториот натпревар одигран вчера Бенфика како гостин славеше над руски Зенит со 2:1 и со вкупни 3:1 го елиминира противникот. Претходно во вторникот пласман меѓу осумте екипи обезбедија Реал Мадрид и Волфсбург.

Во вторник и в среда се играат и другите четири осминафинални дуели: Атлетико Мадрид – ПСВ (0:0 прв натпревар), Манчестер Сити – Динамо Киев (3:1), Барселона – Арсенал (2:0) и Баерн – Јувентус (2:2).

Извлекувањето на двојките за четвртфиналето ќе биде одржано на 18 март во Нион.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска