Хрватска воведува нови ограничувања за влез на мигрантите

Од:

Хрватскиот министер за внатрешни работи Влахо Орепиќ изјави дека Хрватска, која е членка на Европската унија, но не и на Шенген зоната, од ноќеска на полноќ вовела нови мерки за ограничување на влезот на мигранти.

Одлуката беше донесена откако од полноќ стапија во сила новите ограничувања на Словенија за влез на мигранти на словенечка територија. Словенија ги прима само оние мигранти, кои изјавуваат дека бараат азил на нејзина територија и оние, кои доаѓаат од хуманитарни причини.

Хуманитарните случаи ќе се разгледуваат секој поединечно, а согласно ограничувањата Словенија при контролата на границите ќе бара приложување валидна виза за ЕУ.

Како одговот на словенечките мерки, Србија исто така реши да ги затвори границите со Македонија и со Бугарија за бегалци и за други мигранти, кои немаат валидни визи.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик