Али Ахмети повикан во СЈО во својство на сведок

Од:

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети неделава е повикан на разговор во Специјалното јавно обвинителство.

– Потврдуваме дека Ахмети е повикан да даде исказ во СЈО, во својство на сведок во предистражна постапка. Но, заради тајноста на предистражната постапка не можеме да откриваме за кој случај Ахмети е повикан, вели обвинителката Ленче Ристоска за А1 он.

Сепак, се дознава дека се работи за случајот „Космос“, освен Ахмети во тек било сослушување и на други сведоци во овој случај.

Урнатиот објект „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски на двапати беше споменат во „бомбите“ што ги објави лидерот на опозицијата Зоран Заев.

А.Б.

Би можело да ве интересира

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата