Во Загреб се построија „црните кошули“

Од:

Проусташката Автохтона хрватска партија (А-ХСП) ја построи својата партиска „војска“ на „црни кошули“ на загрепскиот плоштад Бан Јелачиќ, што за разлика од минатата година, оваа година за тоа имаа дозвола од властите за собирот, јави Танјуг.

Непосредно пред одржувањето на најавеното „постројување на војската“, на централниот загрепски плоштад беа наредени десетици полициски возила, подготвени да реагираат на евентуални немири, пренесува порталот „Индекс“.

„Црните кошули“ дале свечена заклетва дека ќе „се борат за ослободување на Хрватска од ропството на Европската унија“.

На другата страна на плоштадот се собраа околу 50 контрадемонстранти од Работничкиот фронт, кои развија транспаренти.

– Им порачуваме на сите фашисоидни сили во Хрватска, кои со својата ултрареакционерна злосторничка идеологија, сакаат да го зачуваат „хрватскиот тајкунистан таков каков што е, или од него да направат уште најдолно место“, оти нема да им дозволиме непречено да маршираат по улиците на нашите градови, порачуваат од Работничкиот фронт.

„Индекс“ потсетува дека пред точно една година А-ХСП исто така најави постројување на својата војска и заклетва кон татковината на Плоштадот Бан Јелачиќ, но откако полицијата прво го одобри собирот, уследи жестока реакција на јавноста, па тогашниот министер за внатрешни работи Ранко Остојиќ, сепак го забрани собирот.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик