Жестоки судири избувнаа во северен Мјанмар, меѓу локалните фрамери и христијански активисти, околу полињата засадени со опиум, јавува Би-Би-Си.
Засега има информации за тројца ранети во редовите на христијанските активисти за борба против дрогата, како и за триесетина повредени фармери.
Од минатата недела, најмалку три илјади активисти, придружувани од припадниците на групата Пат Јасан, кампуваат во реонот на опиумските полиња, барајќи дозвола од воените власти влезат во полињата и да го уништат насадениот опиум.
Опиумот е богат извор за приходи за фармерите и разните бунтовнички и паравоени групи, но и за мјанмарската армија, па иако Владата вети дека значително ќе го намали и огранички произвидството на опиум, тоа и натаму е силно развиено.
Мјанмар е вториот најголем производител на опиум во светот.
Групата Пат Јасан е моќна црковно-религиозна организација на Качинската баптистичка црква, која број сто илјади следбеници.