Турската полиција даде официјално предупредување за можни терористички напади на постојки на градскиот превоз во Истанбул, објави весникот „Џумхуриет“.
Според весникот, во предупредувањето, кое е испратено до повеќе институции во државата, се посочува дека постојките на градските автобуси и станиците на истанбулското метро би можеле да бидат цели на самоубиствени или бомбашки напади.
Во документот се посочени и кокретни постојки кои би можеле да бидат цели на нападите, наведува „Џумхуриет“, додавајќи дека поради ваквата опасност донесена е одлука за зајакнување на полициските патроли низ Истанбул.