Вајгл, Кукан и Ховит на средби со претставници на политичките партии

Од:

Европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит денеска во Скопје се очекува да се сретнат со партиските лидери за да помогнат во изнаоѓање решение за излез од ситуацијата, откако САД и ЕУ ја презентираа својата оценка околу условите за одржување на изборите на 24. април, а пред денешното распуштање на Собранието.

Посетата на тројцата пратеници на Скопје на својот Твитер профил синоќа ја најави евроамбасадорот Аиво Орав од Брисел посочувајќи дека денеска е последна шанса за партиските лидери да пронајдат решение и оти за тоа треба да помогнат тројцата европратеници. Според Орав, амбасадорите на земјите членки на ЕУ разговарале за ситуацијата во Македонија.

Вајгл, Кукан и Ховит учествуваа во разговорите за догоровот од Пржино од јуни/јули 2016 година.

Би можело да ве интересира

Кисела Вода забрани семејните куќи во Пржино и Црниче да станат згради

А1он

Ѓорѓиевски се сомнева дека пожарот во Пржино бил подметнат

А1он

Голем пожар во Пржино, гори поранешно училиште

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Драма во Пржино: Се излизга патот, локалните жители стравуваат за домовите

Наум Локоски

Пожар во подрумски простории каде што се складира медицински материјал во Пржино

Наум Локоски

Пожар во Пржино

Наум Локоски