Група граѓани со секири и дрва демолираше објекти во ГТЦ. Неофицијално, како што дознава А1он се работи за навивачи кои го следат натпреварот помеѓу „Вардар“ и „Будуќност“.
Петнаесетина лица се собрани пред хотелот „Холидеј Ин“, каде се под надзор на полицијата, а присутна е и специјалната единица „Алфи“. Полицијата се уште не потврдува за што се работи, а повеќе информации во врска со настанот најавува подоцна.
А1он се најде на местото на настанот, каде итната помош интервенираше на едно лице, а тројца униформирани лица се упатија кон околните кафулиња.
Инаку, навивачите на „Будуќност“ од Црна Гора и „Балисти“ од „Шкендија“ денеска се судрија на Стража, при што 15 лица беа повредени.
Александар Тодески