Јужна Кореја планира да ги укине административните ограничувања за да се засилат нови инвестиции во енергетиката

Од:

Јонхап – Сеул

Јужна Кореја активно ќе ги укинува административните ограничувања и да им помогне на компаниите да инвестираат во нови енергетски индустрии кои ќе генерираат долгорочен раст, рече министерот за трговија и индустрија во понеделникот. Големите компании најавија планови да инвестираат околу 8,2 трилиони вони (6,7 милијарди долари) во таканаречените нови енергетските сектори до 2017, и побараа помош од владата.

Новите енергетски сектори, кои покриваат такви области како системи за складирање на енергија (ЕСС), електрични возила (ЕВ), обновливи извори, и технологии за да се подобри енергетската ефикасност, сите станаа големи бизниси во последниве години, додека земјите во светот се обидуваат да го намалат испуштањето гасови од стаклена градина во атмосферата.

Претседавајќи со состанокот на кои учествуваа триесетина врвни менаџери од компании како Самсунг, Хјундаи мотор, ЛГ и Кориа електрик пауер корп., министерот за трговија, индустрија и енергија Јоо Хјунг-хван подвлече дека владата е посветена да се отстранат непотребните регулативи кои ги спречуваат инвестициите. „Ова ќе овозможи повеќе средства да бидат алоцирани и да го засилат извозот на земјата“, рече тој.

Извозот на Јужна Кореја заостанува осум проценти годипно во 2015 со економскиот раст, а најсилно е изразен кај трговијата која опаднала уште за 2,6 проценти, во споредба со 3,3 проценти во 2014 години.

Тој рече дека владата ќе ги поддржи врските помеѓу државните претпријатија и приватните компании со што ќе се намалат ризиците поврзани со влегување на другите пазари што е можно поскоро.

Покрај тоа, Јоо рече дека Сеул активно ќе ја поддржи креацијата на таканаречените конвергетни алијанси помеѓу фирми за да можат да ги здружат своите ресурси за истражувања и развој и да ја засили нивната конкурентност во иднина.

Конвергетни алијанси можат да бидат создадени помеѓу производителите на автомобили и батерии, комуникациски компании и дизајнери од полето на умни ЕВ. Тие исто можат да бидат формирани помеѓу градежници и производители на машини во во еколошки дизајнираните градби.
Министерот рече дека владата ќе ја преземе водечката улога во обезбедувањето влез за локални и средни компании во области како што се производството на умни мерачи и софтвер за подобро управување со потрошувачката на енергија.

– Државните претпријатија ќе предводат во создавањето на инвестиции во критична инфраструктура која може да обезбеди профитабилност и да се намалат ризиците за приватниот сектор, подвлече Јоо.

Тој рече дека инвестициите во станиците за полнење со енергија за ЕВ и за создавањето на пазар за размена на енергија поврзан со ЕСС, се некои од мерките кои ќе повлечат напред во претстојните месеци.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња