Кривичниот суд го објави решението по жалбата на Специјалното јавно обвинителство со кое не го прифати барањето за одредување на притвор за екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Оваа одлука ја донеле претседателот на советот судија Љубинка Башеска и членовите на советот судиите Сандра Крстиќ и Јани Нича.
Од страна на СЈО притворот бил баран поради како што е наведено дека било барано од сведоци да лажат и дека за тоа после изборите ќе бидат наградени, а ако не ќе бидат третирана како предавници.
На одржаната седница Јавниот обвинител Гаврил Бубески од Јавно обвинителство за гонење на кривични дела и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, произнесувајки се по наводите во жалбата и одговорот на жалбата наведе дека во целост останува на жалбените наводи дадени претходно во предогот за определување на мерка притвор против осомничената Г.Ј., дека во предлогот и во жалбените наводи детално се наведени досегашните дејствија на Г.J. во насока на застрашување на сведоци од нивните давања искази во ЈО, дека тие докази биле доставени и до судијата на претходна постапка и до советот, затоа му предлага на советот да ги разгледа жалбените наводи, да ги види сите докази и да донесе одлука со која нема да ја попречува правдата.
Јавниот обвинител Фатиме Фетаи од Јавно обвинителство за гонење на кривични дела и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, произнесувајки се по наводите во жалбата и одговорот на жалбата наведе дека на судијата на претходна постапка му бил приложен доказ од кој произлегува опасноста од попречување на кривичната постпка од страна на осомничената, меѓутоа овој доказ судијата на претходна постапка воопшто не се потрудил да го аналзира. Имено, од страна на осомничената е направен обид да се врши влијание врз еден од соучесниците во предметниот настан и тоа не еднаш туку повеќе пати. Конкретно, преку друг осомничен во оваа постапка и преку друго лице на еден од соучесниците било упатено директно барање да друга осомничена во постапката се воздржи од било каков инкриминирачки исказ против осомничената Г.Ј. се до 24-ти април, како датум на кој што би биле одржани избори и на кој што би победила владејачката партија ВМРО-ДПНЕ, при што после тој датум тие лица кои не би биле на страна на осомничната Г….. би се третирале како предавници, во спротивно истите би биле херои. Од страна на осомничената Г.Ј. посредно бил вршен притисок и психичко малтретирање на соучесниците, со директно барање вистината за предметниот настан опишан во наредбата за спроведување истражна постапка да не биде кажано.
Јавниот обвинител Лиле Стефанова од Јавно обвинителство за гонење на кривични дела и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, произнесувајки се по наводите во жалбата и одговорот на жалбата наведе дека истрагата ја води јавниот обвинител и тој цени на кој начин најуспешно ќе може истата да ја заврши, па таквата оценка дека притворот е потребен за успешно водење на постапката ја дал во предлогот за определување на мерка притвор, како и тоа дека јавниот обвинител спроведувал пред истражна постапка во која повикувал сведоци, наведувајќи ги сите со име и презиме, а со појаснување дека адвокат Сања Алексиќ цело време чекала во просториите на СЈО, како и тоа дека сите тие лица дополнително против СЈО, против обвинители во СЈО и против истражителите поднеле кривични пријави, што е начин за делување врз сведоците. Исто така, Г.Ј. додека била м……….. направила обид за уништување на трагите на кривичните дела кои и се ставаат на товар, на начин што потпишала одлука за уништување на предмети, со пописна комисија во управните служби во Скопје, а која наредба требало да ја спроведе осомничената Ј.Г., и истата ја спровела. Наведениот доказ се наоѓа во списите на предметот кој што го имал на увид и судијата на претходна постапка. Наведе дека од страна на бранителите доставен е одговор на жалба со наводи дека решението на судијата на претходна постапка е во целост законито, а истиот е даден со цел да се одбрани едно решение кое и одговра и на одбраната и на осомничената, пишува во решението.
Советот од тројца судии сепак смета дека “во конкретниот случај, судијата на претходна постапка при овој суд правилно постапил кога утврдил дека не постои основот за определување на мерката притвор предвиден во чл.165 ст.1 т.2 од ЗКП, односно не постои оправдан страв дека осомничената Г.Ј. ќе ги сокрие, фалсификува или уништи трагите на кривичното дело и не постојат особени околности кои укажуваат дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците, поради што и предлогот на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите од 12.02.2016 година го одбил како неоснован“.