Во Азиско-пацифичкиот регион за 20 години ќе бидат купени над 12.500 нови патнички авиони

Од:

Државите од Азиско-пацифичкиот регион во последнава деценија забележуваат значаен пораст на жители кои припаѓаат на средната класа, а тие се и најбројни корисници на авионскиот превоз.

Бројот на патници што користат авионски превоз во овој регион со над три милијарди жители се зголемува со стапка од пет отсто годишно, а за растечкиот авионски промет се набавуваат по 250 до 500 нови воздухоплови годишно.

Експертите на најголемиата европска компанија „Ербас“ денеска во Сингапур соопштија дека производителите се подготвуваат во следните 20 години на ова подрачје да пласираат 12.810 авиони со капацитет од 110 до 500 седишта. Ербас има амбиции да продаде над половина од тие авиони.

За набавка на новите авиони превозниците од Азиско-пацифичкиот регион во следните 20 години ќе потрошат над три билиони (3.000 милијарди) долари.

Исовремено е пресметано дека во тој регион за изградба на нови и модернизација на постоечките аеродорми до 2035 година ќе бидат потрошени над 460 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Паѓаат температурни рекорди во светот, горат Европа, Америка и Азија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Тензиите се разгоруваат и на исток: Масовна тепачка меѓу кинески и индиски војници, Азија стравува од ескалација

А1он

Фондацијата Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари за помош на земјоделците во Африка и Азија

Ана Ололовска

Град што не постои ќе биде домаќин на Зимските Азиски игри во 2029 година

Азија зафатена од нов бран на Ковид-19

Горан Наумовски

Светска банка: Војната предизвикува најголема економска штета во Источна Европа и Азија

Ана Ололовска