Од денеска до 21 февруари во организација на Детскиот културен центар „Карпош“ – Скопје на Попова Шапка ќе се одржи традиционалната детска манифестација „Снежен град“.
На 21 февруари, пак, ќе биде организиран Карван – посета на Снежниот Град во вид на еднодневен излет.
Учесници – градители на Снежниот град се ученици од основни училишта од повеќе градови од Македонија – Скопје, Гевгелија, Виница, Тетово…
На 21 февруари напладне градителите ќе го предадат клучот од Снежниот град на посетителите што на симболичен начин претставува отворање на овој град за сите заинтересирани.