По половина месец повторно можност за скијање на Попова Шапка

Од:

Ски центарот Попова Шапка информира дека во двата денови од викендов ќе има можности за работење на дел од ски-лифтовите, а со тоа и прилика за скијање на овој зимски центар. Поради недоволно снег ски лифтовите не работеа од 29 јануари и 18 денови немаше можности за скијање.

-Ги информираме љубителите на скијањето дека на патеките „ГЕ” и „Аеродром” имаме услови за скијање, ски-лифтовите „ГЕ”, „Аеродром”, двоседот „Св.Илија” и шестоседната жичница ќе бидат во функција за викендот 17-18.02.2024. Истовремено, Ве известуваме дека цената за дневна карта изнесува 800 денари!, информираа од ски-центарот Попова Шапка.

Оваа зимска сезона скијањето на Попова Шапка се одвива периодично, согласно висината на снежната покривка. Снежната покривка беше доволно висока за да функционираат ски-лифтовите и да има скијање од 20 до 28 јануари, а претходно од 18 до 24 декември 2023 година.

Шестоседната жичница функционираше за панорамски прошетки.

Би можело да ве интересира

Автомобил излета од патот Тетово – Попова Шапка, загина возачот, 80 годишен Австриец

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Ангелов од Попова Шапка: Ќе бараме решение да се намали ризикот од средби со мечките, ова е сепак територија во која природно припаѓаат

Орце Костов

На Попова Шапка утрово -13 степени

СДСМ: ДПМНЕ и БЕСА да ја поништат одлуката за рушење на верското обележје на Шапка

Катерина Ѓуровски

Тетовска епархија добила решение за отстранување на крстот на Попова Шапка, ќе поднесат жалба

СДСМ бара БЕСА и ДПМНЕ да ја повлечат одлуката за уривање на крстот на Попова Шапка

Катерина Ѓуровски