Тетовска епархија добила решение за отстранување на крстот на Попова Шапка, ќе поднесат жалба

Од:

Тетовско-гостиварска епархија денеска информираше дека добиле решение од Општина Тетово за отстранување на поставениот крст на црковниот имот на Попова Шапка. Најавија дека ќе биде поднесена жалба.

-МПЦ ОА Тетовско-гостиварска епархија, своите права во насока на разрешување на даденото прашање ќе ги штити преку достапните правни механизми. Апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на зачестените провокации и да бидат посветени на мирот и добрите меѓурелигиски односи, соопшт Тетовско-гостиварската епархија.

Вчера за медиумите на албански јазик, раководителот на општинскиот инспекторат изјави дека има решение за отстранување на крстот.

-За крстот има одлука за уривање. Кога ќе се отстрани? Во Тетово има над 5.000 решенија за уривање. Гледате дека се трудиме да работиме. Кога ќе дојде време, ќе го направиме тоа, изјави Сулејмани.

Крстот на Попова Шапка беше поставен на 16 ноември на земјиште сопственост на МПЦ-ОА и храмот Свети Наум Охридски Чудотворец. На 18 ноември градоначалникот Касами изјави дека согласно нов урбанистички план може да се легализираат верските објекти.

-На пролет ќе продолжат инвестициите во викенд населбата ќе се продолжи со отворањето на новиот пат, согласно нов урбанистички план овде ќе имаме еден туристички ресорт каде што ќе доаѓаат туристи од цела Европа и цел свет. Во урбанистичкиот план се верските објекти црквата и џамијата и се надевам дека ќе се заврши во кој се верските објекти црквата и џамијата и се надевам дека ќе се заврши работата и околу легализирањето на верските објекти, рече тогаш Касами.

Од црковниот одбор при манастирската црква Свети Наум Охридски Чудотворец на Попова Шапка по поставувањето посочија дека е поставен како верско обележје и претставува урбана опрема.

Би можело да ве интересира

Автомобил излета од патот Тетово – Попова Шапка, загина возачот, 80 годишен Австриец

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Ангелов од Попова Шапка: Ќе бараме решение да се намали ризикот од средби со мечките, ова е сепак територија во која природно припаѓаат

Орце Костов

По половина месец повторно можност за скијање на Попова Шапка

Горан Наумовски

На Попова Шапка утрово -13 степени

СДСМ: ДПМНЕ и БЕСА да ја поништат одлуката за рушење на верското обележје на Шапка

Катерина Ѓуровски

СДСМ бара БЕСА и ДПМНЕ да ја повлечат одлуката за уривање на крстот на Попова Шапка

Катерина Ѓуровски