(ВИДЕО) Манчевски: Груевски да каже која е неговата улога во злостроничкото здружување

Од:

Поминаа денови од објавувањето на обвиненијата на Специјалното јавно обвинителство за злосторничко здружување за приграбување на централната и локална власт. Поранешниот премиер и претседател на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, се уште го нема во јавноста да се огласи, да каже која е неговата улога во злосторничкото здружување и каква е неговата инволвираност, вели Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

Го повикуваме јавно да излезе и да каже која е неговата улога во ова злосторничко здружување.

Каква и да била неговата улога, доаѓа времето на промени, доаѓа времето на сериозна борба со криминалот и корупцијата, доаѓа времето во коешто кражбата ќе запре а парите ќе ги вратат.

Со 630 милиони евра за Скопје 2014, со нови 35 милиони евра за нова зграда на Народната банка, со 600-те илјади евра за неговиот Мерцедес досега жителите на Чашка и Јаболчиште ќе живееа многу многу подобро.

Веднаш по промената на власта СДСМ ветува дека ќе изгради автопат Велес-Прилеп-Битола-Меџотлија што ќе поминува токму низ овој регион. Ќе го реновираме патот од Извор до Чашка. Ќе инвестираме во хидро-системот Лисиче и ќе го поврземе со Чашка. Ќе отвориме нови работни места за граѓаните и особено во овој регион каде што луѓето ќе добијат многу подобри услови и за занимавање со земјоделие но и за отварање на сопствени бизниси.

Би можело да ве интересира

Шукова: Верувам дека културата не е трошок, туку инвестиција во иднината на еден град

Требаше да биде кандидат на СДСМ, а му се приклучи на тимот на Ѓорѓиевски во трката на Скопје

СДСМ бара Сиљановска да не го потпишува Указот за Законите за полиција и МВР

ВМРО-ДПМНЕ: За ситни политички поени, СДС ја стави Македонија во пламен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трајчулески до Мицкоски: Зошто го отворате прашањето за македонскиот јазик, не враќате во времето на Груевски со истите мотиви?

(ВИДЕО) Стојчевски: Лефков е симбол на сѐ погрешно во ВМРО-ДПМНЕ, сее лаги, а молчи за Кочани

Горан Наумовски