Сеул: Пјонгјанг ги користел приходите од Каесонг за производство на оружје

Од:

Северна Кореја ги користела средствата за плати на вработените во индустрискиот комплекс Каесног, за истражувања за производство на нови оружја, изјави денеска јужнокорејскиот министер за национално обединување Хонг Јонг-пјо за агенцијата Јонхап.

– Дури 70 процнети од парите заработени од Севернокорејците во комплексот одат за производство на нуклеарно и други видови ожужја, нагалси Хонг.

Покрај ова, според него, дел од заработените средстства во странска валута кои Северна Кореја ги добивала од комплексот Каесонг, биле прферлани на сметка на владејачката Корејска работничка партија со кои потоа биле купувани луксузни стоки за потребите на севернокорејските лидери.

Индустрискиот комплекс Каесонг се наоѓа на севернокорејска територија во близина на границата со Јужна Кореја и во него повеќе јужнокорејски компании имаа свои фабрики во кои беа ангажирани околу 54.000 работници од Северна Кореја.

На почетокот на неделава властите во Сеул донесоа одлука за затворање на комплексот, како последица на зголемените тензии меѓу двете Кореи по лансирањето на севернокорејската ракета во јануари. Пјонгјанг тврди дека со ракетата во земјината орбита бил лансиран сателит, но Сеул и Вашингтон сметаат дека тоа било тест на проктил со голем дострел.

По најавата на Сеул за затворање на комплексот, Северна Кореја ги протера сите Јужнокорејци од Касеонг и ги конфискува сите средства на јужнокреските компании во него.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња