Над 5.000 бремени жени во Колумбија се инфицирани со вирусот зика, што претставува опасност од појава на микроцефалија кај нивните се уште неродени бебиња, соопшти денеска колумбискиот Национален институт за заздравствена заштита.
Според податоците на Институтот, во Колмбија досега се регистиррани вкупно 31.555 лица инфицирани со вирусот зика.
Во меѓу време, бразилската армија започна голема операција против комарците што го шират вирусот зика, во која се вклучени околу 200.000 припадници на сите три рода на Вооружените сили на Бразил.
Оваа операција е дел од напорите на бразилските власти за справување со вирусот зика во пресрет на Летните олимписки игри што во јули ќе се одржат во Рио де Женеиро.