Столтенберг: Русија е земја со која НАТО не сака студена војна

Од:

Русија е земја со која НАТО не сака студена војна, изјави денеска на Минхенската конференција за безбедност, генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг, јавува ТАСС.

Според него односите со Русија треба да се градат „на одбрана и дијалог”.  – Повеќе одбрана и повеќе дијалог, истакна Столтенберг.

– Запирањето на нуклеарното оружје останува дел од стратегијата на НАТО, бидејќи никој не смее да мисли дека може да користи нуклеарни закани во обичен конфликт, продолжи шефот на Северноатлантската алијанса, пренесува БТА.

НАТО ќе спроведе, невидено по студената војна, зајакнување на источното крило како одговор на решителните дејствија на Русија, посочи Столтенберг.

Генералниот секретар истакна дека не ја смета Алијансата за „лудак, кој влегол во конфликт со Русија”. Тој додаде дека НАТО не се откажал од проектот ЕвроПРО, кој не е насочен против Москва.

Шефот на организацијата соопшти дека разговарал со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за можно спроведување на советот Русија-НАТО.

Столтенберг истакна дека нуклеарниот договор со Иран не е причина НАТО да го запре проектот ЕвроПРО доколку Иран, а и други земји, продолжуваат да развиваат програми за балистички ракети.

Би можело да ве интересира

Кина би можела да организира мировна конференција на која ќе учествуваат Русија и Украина најави Лавров

Реакции од Италија: „НАТО не може да не принуди да убиваме во Русија, Столтенберг да поднесе оставка“

Предраг Петровиќ

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион

ФСБ уапси две лица кои подготвувале терористички напад во Русија

Горан Наумовски