А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Функционерите на партијата немаат сторено никакво кривично дело и тоа ќе го докажат

by А1он12/02/2016 - 15:34212
Share0

ВМРО-ДПМНЕ ја добива довербата од граѓаните во изминативе 10 години врз база на проекти и мерливи резултати. Таа доверба не може да биде оспорена со никакви конструкции и фабрикувани афери. Напротив таа доверба уште посилно ќе биде потврдена на претстојните избори, се наведува во пишаното соопштение од партијата.

Добивај вести на вибер

– ВМРО ДПМНЕ гласаше и го поддржа изборот на Специјалното јавно обвинителство. За жал, изминатиов период бевме сведоци на непримерни изјави од страна на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, обвинет во повеќе кривично-правни случаи, во кои тој ги најавуваше чекорите на Специјалното јавно обвинителство. Уште потрагично е тоа што ваквите изјави не само што не беа демантирани, туку со многу чекори беа потврдени. Со тоа беше драстично нарушен кредибилитетот на институцијата и се фрли сенка на нејзината професионалност и непристрасност. Јавноста беше сведок дека сопругата на Зоран Верушевски, јавно му се заблагодаруваше на Зоран Заев, затоа што Катица Јанева побарала да не биде продолжен притворот на првоосомничениот во случајот „Пуч“. Јавноста беше сведок на десетици пријави од страна на лица кои се жалеа на непрофесионалниот и незаконскиот однос на СЈО. Сите овие дамки останаа без одговор на денешната прес конференција, се вели во соопштението.

Се нагласува дека ВМРО ДПМНЕ нема да поддржи незаконско и неуставно работење и оти секој орган и секоја институција мора да делува во рамки на своите надлежности бидејќи никој не е над Уставот и законите.

– Нападите врз Советот на јавни обвинители, орган кој е задолжен за контрола на работењето на СЈО, секако не оди во прилог на градењето на кредибилитетот на СЈО, туку уште повеќе го подрива. Денес бевме сведоци на политички настап во кој беа прозвани голем број лица. Функционерите на партијата кои индиректно беа осудени на прес конференцијата на СЈО немаат сторено никакво кривично дело и тоа ќе го докажат во натамошната постапка, сто во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dpmnesjo

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Катерина Ѓуровски14/04/2026 - 11:10

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Катерина Ѓуровски31/03/2026 - 13:18

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 12:08

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски26/03/2026 - 13:2126/03/2026 - 13:28

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто