Столтенберг: Русија треба да го запре бомбардирањето за да има шанса за мир

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја обвини Русија дека ги поткопува напорите за постигнување мир во Сирија со тоа што нанесува удари врз опозициските групи, наместо по екстремистите од Исламска држава.

– Тоа мора да запре за да биде постигнат траен мир, рече тој.

– Воздушните удари на руските авиони против различни опозициски групи во Сирија всушност ги попречија напорите за мирно решение преку преговори, дополни Столтенберг.

Оваа изјава на генералниот секретар на НАТО доаѓа откако големите сили, вклучително и Русија, постигнаа договор за прекин на огнот меѓу бунтовниците и владините сили на Сирија. Сепак, Москва соопшти дека ќе продолжи да ги бомбардира екстремистите.

– Она што ни е потребно е траен прекин на огнот, потребна е помош за мирните граѓни и секако имаме потреба од договор за политичка транзиција, дополни Столтенберг.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Во сложениот геополитички контекст во Европа мораме да бидеме одговорна членка на НАТО

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Напад на синагога и црква во Русија: Има мртви

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Москва ја опустоши невреме, се формираше торнадо: Најмалку две лица загинаа

Предраг Петровиќ

Ким Џонг-Ун: Ова е историски момент

НАТО и се закани на Кина

Небензја: Русија ќе бара меѓународно признавање на нацистичките злосторства во СССР