(ВИДЕО) Јанева: Прва акција на СЈО „Титаник“, нема да ме замолчат

Од:

Специјалното јавно обвинителство отвара постапки за десетина кривични дела од областа на изборите и гласањето, слободите и правата на човекот и граѓанинот, општата сигурност и имот, како и кривични дела против службената должност и државата.

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева кажа дека доминираат кривичните дела против изборите и гласањето, бидејќи СЈО смета дека значајно е да се согледаат сите начини на кои се делувало врз изборите, а со цел во иднина да се спречат злоупотреби и нови кривични дела.

– За да може СЈО поуспешно и на време да ги изврши поставените задачи, неопходни се следниве мерки, по итна постапка да се дополни Законот за заштитен сведок од гледиште на потребите на СЈО, судските процеси пред редовните судови од надлежност на СЈО да се предадат на СЈО без отпор и одоговлекување. Секој вид отпор ќе биде нотиран во Изввештајот на СЈО што се изготвува на шест месеци и што се доставува на увид на Собранието на Република Македонија и Советот на Јавните обвинители на Република Македонија да се придржува стриктно за важечката законска регулатива и целосно да ја почитува автономијата на СЈО. Опструкцијата ќе продолжи, но ја уверувам јавноста дека истата нема да има негативен ефект врз работата на СЈО, рече Јанева најавувајќи ја првата акција на СЈО, „Титаник“.

Јанева кажа дека СЈО нема да подлегне под притисокот од одредени политички партии и конструираните кривични пријави против неа и соработниците од обвинителството, како и дека се чувствува слободна бидејќи на нејзина страна се Уставот, законите и поддршката од граѓаните.

– Макар сите да молчат, јас нема да молчам. Сите ме охрабруваат и јас да бидам храбра и исправено да стојам пред бурите и ветриштата што му се спротивставуваат на Специјалното јавно обвинителство уште од самиот почеток на неговата работа. Ме охрабрува и подршката на меѓународната заедница. Поддршката е доказ дека нашата борба не е само наша, туку е и борба на целиот демократски свет, вели Јанева.

Таа кажа дека има поддршка и од правната струка, од истакнати судии, обвинители и адвокати, како и дека тимот на СЈО е отворен за соработка со познати авторитети од областа на судското право и уставното право. Според неа, и правната наука има што да научи од СЈО, особено кога е во прашање границата помеѓу приватноста и јавниот интерес и нивните меѓусебни односи.

– Зарем некој може да биде рамнодушен кога го чита ,,Извештајот на Прибе“ од мај 2015 година, особено делот во кој се зборува за притисокот и недовербата во јавното обвинителство и судството, вели Јанева.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов