Роберт Кубица повторно ќе се врати во Рели автомобил, овој пат ќе се трка со Citroen, оној што го користи во WRC шампионатот.
Пољакот, кој што победи на „Ронде Гомотило ди Лана Рели” ќе се трка на уште две италијански трки, но овој пат позади воланот на Citroën C4 WRC.
„Со нетрпение очекувам да возам толку брз и успешен автомобил како што е Citroën C4 WRC. Релито е една од моите омилени форми на моторспортот. По тестирањата кои што ги направив за да се навикнам на овој автомобил, Рели ди Комо ќе биде одлична можност да го осетам во тркачки услови”, изјави Кубица.
„Мојата цел на Рели ду Вар ќе биде сосема поинаква, ова ќе биде моето трето учество на овој настан поради што го познавам многу добро и очекувам да бидам конкурентен. Пред се сакам да поминам што повеќе километри за подобро да се вклопам во оваа категорија”, додаде тој.