ИОМ: Од почетокот на годината 409 бегалци се удавиле во Медитеранот

Од:

Меѓународната организација за миграции (ИОМ) соопшти денеска дека во првите шест недели од оваа година, 409 лица се удавиле во Средоземното Море во обид да дојдат до подобар живот во Европа, што е речиси десет пати повеќе во однос на истиот период минатата година.

Во соопштението на ИОМ се наведува дека во исто време, од 1 јануари досега, 76.000 луѓе успеале да стигнат до Европа по морски пат, што е речиси 2.000 луѓе на ден.

Од вкупно 409 смртни случаи, над три четвртини луѓе се удавиле на краток пат меѓу Турција и Грција, каде до актуелната бегалска криза вакви несреќи имало значително помалку во однос на многу подолга морска рута од Либија до Италија.

Несреќи со давење на бегалци се случуваат речиси секојдневно, па така турската крајбрежна стража вчера соопшти дека 27 имигранти загинале кога нивниот чамец се превртел во обид да дојдат до грчкиот остров Лезбос.

Би можело да ве интересира

Мигрантите исчезнаа од јужната граница

Европскиот суд на правдата ја казни Унгарија, Орбан ја нарече пресудата срамна

A1on

Речиси 5.000 мигранти загинаа на пат кон Канарските острови за пет месеци

Пронајдени тела на четворица мигранти, спасени 52 лица во близина на брегот на Тунис

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се