Протест пред обвинителство: И Тодоров да одговара за смртта на Тамара

Од:

„Група граѓански активисти на пладне протестираа пред зградата на Јавното обвинителство во Скопе поради молкот на оваа институција за одговорните за смртта на малата Тамара.

Убијци, убијци, викаат тие што протестираа поради предолгото игнорирање на смртта на Тамара.

Помина една година откако почина Тамара Димовска, а Јавното обвинителство сѐ уште се нема изјаснето по кривичните пријави против одговорните за нејзината смрт. Одговорот дека се води истрага не е доволен, посебно во случај како овој, во кој сите осомничени им се познати на органите на прогонот. Јавниот обвинител уште еднаш покажа дека правдата која ја спроведува не е еднаква за сите граѓани.

protestTamara (2)

На протестот беше и мајката на Тамара, Жаклина Димовска која праша зошто обвинителството го штити министерот за здравство Никола Тодоров?

-Тој е највиновен за смртта на Тамара, толку ли ви е страв од него што една година ништо не смеете да му направите додека си седи се уште во фотелја, праша мајката на Тамара.

Јавното обвинителство вчера објави дека биле повикани повеќе лица да ги дадат своите изјави, дека повеќе лица се осомничени за кривичното дело – несовесно работење во службата, како и дека по завршување на сослушувањето, ОЈО ќе донесе мериторна јавно-обвинителска одлука за која јавноста ќе биде навремено известена.

protestTamara (1)

Но активистите прашуваа колку време е потребно да бидат сослушани осомничените и зошто Јавното обвинителство се огласи прв пат, дури откако во јавноста беше најавен протестот токму на годишнината од смртта на Тамара?

– Зошто, лицата се осомничени само за несовесно работење во службата, а не и за злоупотреба на службена положба и овластувања – дело за кое е поднесена кривична пријава против министерот Тодоров?

Бараме Јавниот Обвинител итно да покрене обвинените против одговорните за смртта на Тамара, вклучувајќи го и министерот Тодоров, посочија активистите.

Би можело да ве интересира

Поднесена жалба против пресудата за една од обвинетите во случајот со лекувањето на Тамара Димовска

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Адвокат во случајот за малата Тамара: Ова е пресврт во судењето, а ќе се докажува и трошењето на донациите наменети за лекување

Кристијан Ландов

Вработен во ФЗО: Мајката на Тамара кажа дека сака да биде медицински азилант, не сакаше да го подигне одобрението за лекување

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Пет обвинети не дојдоа на судење за случајот со Тамара

Ана Ололовска

Поднесено обвинение против 12 лица за „несовесно работење“ за смртта на Тамара Димовска

Наум Локоски

Осомничени повеќе лица за случајот со Тамара Димовска

Ана Ололовска