Вработен во ФЗО: Мајката на Тамара кажа дека сака да биде медицински азилант, не сакаше да го подигне одобрението за лекување

Од:

Бранко Хаџигогов, вработен во Фондот за здравство, кој денеска  сведочеше за лекувањето на малата Тамара, потенцираше дека решение за лекување имало, но нејзината мајка, Жаклина Димовска, сакала интервенцијата да се изведе во друга клиника, а не во таа каде што одобриле членовите на ФЗО. Хаџигогов побарал Димовска да го подигне решението од архива, а доколку не се согласува, да поднесе жалба, посочи сведокот. Во неговата изјава пред судот Хаџигогов рече „Димовска кажа дека сака да биде медицински азилант во Германија или Америка затоа што и второто дете ѝ имало тешко заболување”.

„Жаклина Димовска првпат ја сретнав на 26 декември 2014 година на скалите на Сојузот на здружение на пензионери на Велес. Ние имавме средба со директорката на здружението и прес-конференција. Разговарав многу кратко со неа, директорката на скали разговараше со Жаклина Димовска. На 20 јануари 2015 година, по барање за средба, директорката во ФЗО ме замоли да ја викнам  Жаклина Димовска на состанок. Таа дојде на 21 јануари 2015 година. Жаклина Димовска го барала во кабинетот на директорката Парнаџиева. Јас ја примив во канцеларијата што ја имав во тој период, а таму беше присутна и Лујза Јакимовска, шеф на кабинет. Јас разговарав со Димовска“, рече Хаџигогов.

На мајката на Тамара ѝ било покажано позитивното мислење за лекување на Тамара во странство, а таа побарала да види како изледа болницата, рече Гаџигогов.

„Таа сакаше да го види позитивното решение за лекување во странство, односно во Турција. Воедно сакаше да праша каква е опцијата да се лекува на друго место. Имаше позитивно решение од ФЗО, со коешто се дозволува лекување во странство за нејзиното дете во клиника во Турција. Госпоѓата Димовски побара да види како изгледа болницата, по што отворив на лаптоп да види. Ме замоли да се јавам во Универзитетската клиника во Чикаго, затоа што наводно некои пријатели ја намалиле цената за лекување на Тамара на 250 илјади долари, па јас да сум ја спушел уште цената и со одобрените пари од Фонот и парите собрани од донации, за кои потенцираше дека се многу повеќе од оние на ФЗО, да отиде да се лекува во Чикаго. Од ФЗО беа одобрени околу 33 илјади евра“, посочи Хаџигогов пред судот.

Димовска, според кажувањето на Хаџигогов, барала Тамара да биде лекувана во Германија и посочила дека познаници ќе ја намалеле сумата која требала да се плати за операцијата.

„Прашуваше како може да ги искористи средствата одобрени од Фондот, односно лекувањето да си го плати приватно, а да побара рефундација на средства во висина на одобрениот износ. Тогаш побара да сум се јавел во друга клиника во Германија, бидејќи наводно и таму лекувањето било 250 илјади евра, но познаници ѝ рекле дека може да се намали сумата. Повторно ѝ објаснив дека треба решението да го подигне архивски, да плати лекување за таа интервенција во светот, а потоа да си побара рефундација на средствата кои ги одобрил ФЗО. Жаклина Димовска го држеше во раце позитивното решение за лекување во странство. Таа неколку пати го читаше и гледаше“, посочи тој.

Димовска на состанокот со Хаџигогов, вработен во ФЗО, му кажала, како што рече сведокот, „дека дале отказ од работа и убаво живееле од парите од донации“.

„Димовска кажа дека сака да биде медицински азилант во Германија или Америка затоа што и второто дете ѝ имало тешко заболување. На мое прашање за какво заболување  се работи, таа одговори дека има срцева мана и дека во четврток треба да се оперира во приватна кардиохирургија. Притоа, да плати 8 илјади евра, затоа што нема здравствено осигурување бидејќи си дале отказ од работа и убаво живееле од парите од донации. Тогаш, јас, изненаден од моменталната ситуација, проверив во систем и видов дека навистина немаат здравствено осигурување. Ѝ објаснив на госпоѓа Жаклина дека мора да има осигурување за лекување во странство, дека не треба да плати 8 илјади евра. Таа требаше да отиде со извод, лична карта и здравствени легитимации за да се осигура. Поради типот на осигурувањето, ја прашав колку приход имала минатата година, бидејќи под 240 илјади државата го плаќа осугурувањето. А над тој износ, сама треба да плати. Таа кажа дека има приход над тој и сама ќе плаќа здравствено осигурување. Замоли да се јавам во приватната болница да им кажам дека ќе биде здравствено осигурана за да не ги плати тие 8 илјади евра за второто дете. Јас тоа и го направив. Интервенцијата била закажана за два дена од денот кога се одржа состанокот. Докторката одговори дека е сè во ред и дека ќе ја примат, ова е за сестрата на Тамара. Не го однела детето на операција, бидејќи во петокот, ден по закажаната операција, ми се јави одговорната докторка Тања Анѓушева и ми кажа дека Жаклина не го однела детето на операција, ниту ѝ кревала телефон целиот тој ден претходно“, посочи Хаџигогов.

Од мајката на Тамара било побарано да го подигне решението за лекување во странство, рече Хаџигогов, според кого, Димовска му кажала дека има време за тоа бидејќи операцијата ќе биде по 8 февруари бидејќи, како што посочи тој, приоритет на Димовска ѝ било лекувањето на другата ќерка.

„Во фаза е Тамара да се лекува во ‘Аџибадем’ и дека тој доктор направил преглед. Но, Димовска ми кажа дека операцијата ќе биде по 8 февруари и дека за жалбата и подигање на решението има време, односно приоритет во моментов ѝ е операцијата на другата ќерка во ‘Филип Втори’. Потоа Димовска ми се јави да ми се заблагодари за приемот и да каже дека е активирано здравственото осигурување“, посочи вработениот во ФЗО.

Хаџигогов даде објаснување дека Димовска му кажала дека не сакала да ја лекува нејзината ќерка во Турција бидејќи ќе 1 ги изваделе прешлените.

„Госпоѓа Жаклина во разговорот ни кажа дека таа начелно е против какво било лекување во Турција бидејќи некој врвен стручњак од приватно ѝ кажал дека на Тамара ќе ѝ ги извадат прешлените и ќе ги фрлат, а девојчето ќе останело ‘кепец’. Не знаев што е тој збор, ја прашав што значи, а таа стана да покаже колку е висока и кажа дека детето ќе ѝ останело џуџе доколку се лекува во Турција“, рече Хаџигогов.

Постапката за лекување на малата Тамара во странство била ревидирана и од комисија што  била дополнително формирана, но и таа, според Хаџигогов, утврдила дека биле запазени сите рокови.

„Се формираше комисија која требаше да ја испита целата правна постапка. Комисијата утврди дека биле запазени сите законски прописи, воедно, при изготвување на извештајот се вадеа податоци од системот на фондот. Во списите имаше само еден запис за ортопедски преглед, од тогаш па две години наназад. Не било зедено некакво ортопедско помагало, ниту лек на рецепт. Комисијата зеде и изјави кои имале контакт со мајката, изјавите се дел од извештајот на комисијата“, заклучи Хаџигогов.

Би можело да ве интересира

Андоновски: Неделава ќе ја почнеме иницијативата за законските измени на ФЗОР случајот со Леонид не е единствен

Случајот со Леонид ги откри сите слабости на Фондот: Се кратат пари за лекување и за операции на срце во приватните клиники

Орце Костов

Конзилијарно мислење без наведување на интервенцијата што му е потребна на Леонид Индов, според ФЗОРСМ остава простор за шпекулации

Горан Наумовски

ФЗО: Барањето за Леонид Индов се одби како неосновано зошто не се работи за упатување на лекување во странство

Се прекинува штрајкот во ФЗОМ – платите исти до мај

Платите на вработените во ФЗО остануваат исти до мај