Клековски би прифатил да биде министер за здравство, но со соодветна замена во ФЗО

Од:

Директорот на ФЗО Сашо Клековски би прифатил да биде министер за здравство, но, како што рече денеска, со соодветна замена во Фондот. Тој ќе биде отворен за разговор зависно од потребите, а какви било рокади, напомена, мора да предвидуваат комплетно решевање на кадровската екипираност во секторот здравство.

– Владата има премиер кој го составува владиниот тим. Јас се чувствувам комплетно продуктивно и посветено во Фондот каде има многу работа. Ќе бидам отворен за разговор, зависно од потребите. Но, повторно ќе кажам, во ФЗО има многу што да се работи, така да какви било рокади мора да предвидуваат комплетно решавање на кадровската екипираност во секторот здравство, истакна Клековски, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за повредените во трагедијата во Кочани.

Ресорот здравство го водеше Арбен Таравари кој минатата недела, откако соопшти дека неговата партија излегува од Владата, и официјално поднесе оставка од министерската функција.

Би можело да ве интересира

Клековски најави формирање комисија за случајот со Ива Михаилова, во ревизијата ќе бидат вклучени и експерти од странство

Горан Наумовски

Клековски: Дополнителната работа на лекарите вработени во јавното здравство не треба да е хаотична, анархична и со можности за злоупотреби

Четири потврдени случаи со морбили, се испитува нивна евентуална поврзаност

Клековски: Три лица од ФЗО и две од приватна болница се инволвирани во злоупотреба на средства, за што во тек е полициска акција

Годинава извршени 15 трансплантации на бубрег, до крајот на годината планирани уште три

Клековски и бугарската колешка премолчано се согласиле дека случајот со Ива Михаилова е правно прашање